Русија – САД и Шпанија – Унгарија во полуфиналето во ватерполо кај жените

Русија против САД и Шпанија со Унгарија се двете полуфиналиња кои ќе се играат на женскиот ватерполо олимписки турнир после денешното комплетирање на четвртфиналните мечеви.

Русинките во последниот денешен меч ја победија Австралија со 9-8 во мечот на кој исчекорија кон победата со првата четвртина кога направија предност од два гола (4-2) и потоа успешно ја одбранија (2-2, 2-2, 1-2 во следните три четвртини). Русија ќе се соочат со Американките, кои ги удавија Канаѓанките во четвртфиналната пресметка триумфирајќи со 16-5.

Шпанија немаше преголема мака со Кина и победи со 11-7 во мечот на кој Шпанките во првите две четвртини направија недостижна предност со 9-5, па потоа сѐ беше само рутинска завршница.

Унгарија со 14-11 ја победи Холандија во суперинтересен меч во кој пресуди последната четвртина во која Унгарките влегоа со гол предност, но потоа со четири гола во тој период ја заверија победата.