Прес на нападнатите ватерполисти: „Ножеви, палки, беше вистински хаос“

Ватерполистите на Црвена Звезда откако со тренерки на кои имало обележја на клубот поминаа викендов  низ Сплит, беа крвнички нападнати, а некој од нив спасуваа и „жива глава“. За „хоророт“ кои го доживеаја српските ватерполисти говореа на прес конференција.

Дека ситуацијата била мошне сериозна говори и голманот Александар Краљ кој морал да скокне во морето, бидејки во спротивно можел да го загуби животот.

„ Ме удираа со боксови. Во тој хаос ми се скина јакната, останав во центарот со тренерката на Звезда. Тогаш се фокусираа на мене, ме нападнаа со палки, ножеви. Викаа дека ќе го убијат четникот. Почнав да трчам, за да се спасам. Во тој момент забележав еден дечко дека со нож се оди спрема мене, ме „закачи“ по ногата. Единствено решение беше да скокнам во морето. И полицијата ми потврди дека сум донел одлука. Мислев дека се спасив, но потоа почнаа да ме гаѓаат со камења и постојано говореа дека ќе го убијат четникот, тогаш соблеков се од себе, не знаев повеќе што да правам. По неколку минути хаос, хулиганите се разбегаа“, заполна  емотивниот говор на ватерполистот

Ватерполистот на Ц. Звезда потенцира дека не е толку разочаран од хулиганите туку од обичниот народ кој постојано извикувал „убијте ги четниците“.

„ Највеќе ме здоболе што луѓето кој се собраа продолжија да извикуваат: 'убијте ги четниците'. Им говорев дека сум спортист, ватерполист. Кога дојде полицијата, тогаш бев спасен“, заврши Краљ

 

Тренерот на ватерполо екипата на Звезда ја обвинува полицијата, поради тоа што им дозволила слободно да шетаат низ Сплит

„Припадник на полицијата кој беше со нас, кажа дека не би требало да има никакви проблеми. Но, некој  од играчите под јакната имаа тренерки од клубот, сепак јакните им беа закопчани. Практично и од страна на полицијата ни беше дозволено да одиме во град“, кажа тренерот на Црвена Звезда