Петмина грчки ватерполисти имаат Ковид-19

Ватерполо федерацијата на Грција денеска објави дека дури петмина репрезентативци на оваа земја се позитивни на коронавирус.

Веднаш се стопирани сите активности на репрезентациите во машка и женска конкуренција како мерка на претпазливост. Сите ватерполисти кои биле позитивни се без симптоми и се чувствуваат добро.

Според протоколите сите се сместени во изолација. Сите останати ватерполисит и ватерполистки во вторник повторно ќе бидат тестирани.