Нема двојна радост за Шпанците: Ватерполистите на Унгарија се европски шампиони

Ватерполистите на Унгарија триумфираа во финалето на Европското првенство против Шпанија и тоа по изведување на пенали со 14-13, откако во регуларниот дел беше 9-9.

Шпанците имаа добар почеток на мечот, па набрзо поведоа со 3-1, по што следеше одговор од Унгарците и серија од 3-0 за водство од 4-3 на полувреме.

Голема борба се водеше во вториот дел од мечот, каде што се Шпанците беа за нијанса подобри од противникот и успеаа да израмнат на 9-9, односно да изборат пенали.

На пенали Унгарците беа посигурни, па со 5-4 успеаа да го добијат пенал-рулетот против Шпанците.