Нападот на ватерполистите во Сплит ги обедини Црвена звезда и Партизан! (ФОТО)

Нападот на ватерполистите на Црвена Звезда во Сплит ги обедини вечните белградски ривали.

Претставниците на Партизан на Твитер објавија порака со поддршка на младите ватерполисти кои вчера беа нападнати во Сплит пред меч со Морнар од регионалната лига. Петмина напаѓачи со палки ги бркаа младите спортисти, од кои еден мораше да скокне во морето за да се спаси. Денеска хрватската полиција приведе тројца осомничени. 

Мечот е одложен, а при доаѓањето во Белград, црвено-белите ги дочека порака со поддршка од - најлутите ривали.

„На нападнатите ватерполисти на Звезда им посакуваме што поскоро да се опорават и да заборават на бруталниот напад во Сплит. Безусловна поддршка на спортот и на пријателството, без разлика на верата, бојата на кожата или дресот. Безусловна поддршка на сите добронамерни, разумни и рационални луѓе, кои во ваквите случаи сепак не застанаа во заштита на 'своите', туку го пратат она човечкото и се подгототвени да се издигнат над национализмот или сличните појави кои потекнуваат од вжештените глави“, напиша Партизан.