Легендарниот ватерполист го победи коронавирусот и излезе од болница

Поранешниот ватерполист Борис Злоковиќ излезе од болница откако успеа да се избори со компликациите предизвикани од ковид-19.

Црногорецот, кој важеше за еден од најдобрите играчи во светот последниве 20 години, беше примен во болница во Белград со сериозно воспаление на белите дробови. Неколку денови беше на интензивна нега, а пред три дена неговото здравје се подобри. Злоковиќ денеска е пуштен од болница со чиста здравстена слика и успеа да го победи коронавирусот.

Злоковиќ има 36 години, а кариерата во базените ја заврши уште пред пет години.