„Драги Делии, сакате да се ку*чите - сега раскажувајте какво ни е морето во февруари!“

Член на сплитското градско Собрание и фудбалски судија, Мартин Паук, ја разгневи целокупната јавност во Хрватска со неговиот став по повод вчерашниот инцидент во Сплит, каде што беа нападнати младите ватерполисти на Црвена звезда.

Он смета дека токму спортистите биле виновни за нападот, затоа што „провоцирале во дресови со обележја“, наместо да бидат облечени во „цивилна“ облека.

„Ќе ви раскажам една приказна со поинакво искуство за како си поминале сплитски ватерполисти во Белград. Тие во хотел ги оставија дресовите со хрватски грб, се облекоа во цивилна облека и мирно без провокации шетаа низ градот. Отидоа и во пицерија, дури и се договорија малку да зборуваат, со цел да не испровоцираат никого со својот хрватски акцент. Кога келнерот им пришол, нарачале само две мешани пици и четири пива, тој се насмеал и на шанкерот му рекол 'дај две комбинирани пизи за усташите што седат во аголот“. Момците се смрзнале, не знаеле како биле препознати, а потоа го прашале келнерот како ги познал. Само добиле одговор дека во Србија пиците не се 'мешани' туку „комбинирани', па оттука и ги разбрал. Дури и добија гратис пиење.

„Ете тоа е разликата драги мои. Хрватските ватерполисти кои беа во Белград не провоцираат никого со облеката, дури се трудат да не зборуваат на нивниот јазик со цел да не прават проблеми, додека српските се шетаат на рива во дресови на Ц.Звезда со став 'ведете кои сме, никој ништо не ни може'. Епа драги делии, сигурен сум да шетавте во мир, без провокации, ќе направевте дури и селфи со кое ќе им се ку*чевте на другарите во Белград дека никој ништо не ви може дека сте можно, огромни и снажни. Епа, сега, раскажете им какво е морето во февруари“, напиша Паук и наиде на осуда кај неговите хрватски колеги.