Зверев удри девојче со топче, па ги воодушеви сите со прекрасен потег (ВИДЕО)

Браќата Александар и Миша Зверев  се простија од тенискиот турнир во парови во Рим  во првото коло, откако загубија од Рејвен Класен и Мајкл Венус со 6-7 и 4-6.

Меѓутоа, еден детел од средбата ги воодушеви навивачите. Помладиот од браќата Зверев испрати едно силно топче, кое погоди девојче во публиката.

Кога разбра што направил, отиде до девојчето за да провери дали е во ред, а потоа му даде подарок, кој ги воодушеви присутните.