Зверев: Новак, благодарам што ми пушти да победам

Александар Зверев заработи 2,5 милиони долари и 1.300 АТП поени со победата на завршниот мастерс турнир во Лондон по победата на Новак Ѓоковиќ. 

Германецот беше пресреќен по победата и освојувањето на трофејот, кој е најголем во неговата досегашна кариера. По мечот беше превозбуден, но даде интересна изјава.

„Навистина во моментов не можам да опишам како се чувствувам. Пресреќен сум, очигледно ова е најголемиот трофеј во мојата кариера“, изјави Зверев. „Сакам да му честитам на Ѓоковиќ за неверојатната недела и на фантастичниот втор дел од сезоната. Ти едвај да загуби меч и реално сум многу благодарен што загуби денеска. Игравме два пати денеска. Сите знаат колку добар тенисер си, но јас сакам да истакнам исто така колку добра личност си. Сме имале многу добри разговори за животот. Навистина сум ти благодарам што ме попушти да победам вечерва“, истакна Германецот.