Зверев елиминиран во Акапулко, Надал и Вавринка во четвртфиналето

Американскиот тенисер Томи Пол го направи најголемото изненадување во досегашниот дел од АТП турнирот во Акапулко, откако во осминафиналето успеа да го елиминира Германецот Александар Зверев со 2-0 во сетови.

Пол е 66. играч во светот, но на крајот успеа да излезе како победник против еден од фаворитите за титулата на овој турнир.

Исти сценарија не дозволи друг потенцијален фаворит, Стен Вавринка. Тој играше против Шпанецот Педро Мартинез, кој е 113-та тенисер во светот, а го победи со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Вавринка во четвртфиналето ќе игра против Григор Димитров, кој го совлада Адријан Манарино со 2-1 во сетови.

Големо внимание привлече дуелот помеѓу Рафаел Надал и Србинот Миомир Кекемановиќ, кој на крајот лесно го доби Шпанецот со 6-2, 7-5. Шпанецот во следната фаза ќе го игра против јужнокорејскиот тенисер Соунво Куво, кој претходно го доби Душан Лајовиќ со 2-0.

Понатаму продолжија и Кајл Едмунд, Џон Иснер и Уго Хамберт.