Жабер подобра од Мариа за прво финале на Вимблдон

Онс Жабер славеше против Татјана Мариа со 2-1 во сетови, односно 6-2, 3-6 и 6-1, па така се пласираше во финалето на Вимблдон.

Тенисерката од Тунис тргна со два брејка во првиот сет, кои ѝ помогнаа да го освои со 6-2, по што Германката се врати во игра, откако го освои вториот сет со 6-3.

Третиот сет помина во доминација на Жабер, кој ѝ дозволи на Германката да освои само еден гем и славеше со 6-1.

Жабер во финалето ќе игра против победничката од мечот меѓу Елена Рибакина и Симона Халеп.