Заврши гласањето за најдобар тенисер во историјата: Ѓоковиќ го прегази Федерер во финалето

За време на карантинот, „Еуроспорт“ организираше тениско гласање се со цел да се реши дилемата за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња. На гласањето во кое учествуваа милиони луѓе, Новак Ѓоковиќ го победи Роже Федерер во финалето.

Кога се собраа гласовите, Ѓоковиќ имаше далеку поголем дел од гласовите на своја страна, односно разликата била дури 900.289. Во однос на тенисот, тоа би значело 6-0, 6-1 - истакнаа на веб-страницата на „Еуроспорт“.

Инаку, српскиот тенисер освои 17 грен слем титули во кариерата, три помалку од Роже Федерер, кој е рекордер во тој поглед. Но, 33-годишниот Новак води во меѓусебните дуели против Швајцарецот со 27:23.

На патот до финалето, Новак прво го елиминираше Род Лејвер, единствениот тенисер во историјата на Опен ерата, кој ги освои сите четири грен слема во текот на една една година. Потоа во полуфиналето беше подобар од Рафаел Надал, а во финалето го „збриша“ Федерер.