Загуби, ама не разочара: Калин имаше голема поддршка од Македонеците во Мелбурн (ФОТО)

Најнадежниот македонски тенисер, Калин Ивановски, без разлика што беше десетти носител, не успеа да го мине првото коло од јуниорскиот дел од Австралија опен, откако ноќеска загуби во пресметката со Русинот Јарослав Демин (0-2).

Големиот талент, сепак, не ги разочара неколкуте десетици македонски навивачи, кои се појавија во Мелбурн парк за да му дадат поддршка во обидот да го повтори успехот од Вимблдон, каде што стигна до осминафиналето. Но, со својата голема борбеност, Ивановски ги освои срцата на нашинците во далечната Австралија, кои без разлика на поразот постојано го бодреа и навиваа за него.

На крајот, дел од нив дојдоа до заедничка фотографија како спомен за настапот на АО, по што средбата заврши со ветување дека следната година поддршката ќе биде поголема, а неговиот престој на турнирот далеку подолг.