Заборавете на Ноле, Роже, Рафа... Квалификант го има потегот на векот (ВИДЕО)

Новата тениска сезона почна, па беа одиграни неколку турнири, а првиот гренслем почнува наредниот понеделник, но очигледно беше одигран еден од најдобрите поени во сезоните.

Британецот Ден Еванс во второто коло од квалификациите за пласман во главната ждрепка на Австралијан Опен славеше со 2-1 во сетови (6-4, 3-6 и 7-5), а токму на тој меч беше забележан фантастичен потег.

Еванс најпрво го врати топчето по силниот сервис на противникот, но со бехендот му овозможи „зицер“ ситуација на Австралијанецот, но Британецот на неверојатен начин го врати топчето и го освои поенот.