Возњацки за 67 минути се пласираше во трето коло во Мелбурн

Каролин Возњацки се пласираше во третото коло на Австралијан Опен, откако ја совлада Јохана Ларсон со 2-0 во сетови (6-1 и 6-3).

Возњацки уште на стартот направи брејк, па не дозволи на противничката да го повтори истото во следниот гем, по што стигна и до втор брејк и 6-1 во првиот сет.

И во вториот сет Возњацки направи за краток период брејк, а и во тој дел имаше два брејка повеќе и ја совлада Ларсон со 6-3.

Наредна противничка на третата тенисерка во светот ќе биде подобрата од дуелот меѓу Марија Шарапова и Ребека Питерсон.