Властите одговорија срамно на молбата на Ѓоковиќ за подобри услови во Австралија

Тенисерите се под голем притисок во Австралија, каде што треба да настапат на првиот гренслем-турнир во сезоната затоа што важат посебни правила, а нивните желби не се исполнуваат како претходно.

Новак Ѓоковиќ, како претседател на Здружението на тенисери, испрати барање да им се подобрат условите на тенисерите кои се наоѓаат во строг карантин и не смеат да ја напуштат хотелската соба дури 14 дена.

Неговите барања беа на срамен начин беа коментирани од премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендрјуз.

„Правилата нема да се менуваат, зшато пристигнаа од јавниот здравствен совет. Луѓето можат слободно да даваат листи со желби, но одговорот ќе биде - не. Знам дека неколку тенисери го кренаа гласот, но тие важат и за нив, како и за сите останати. Сите беа информирани пред доаѓањето и тоа беше услов кој го прифатија. Овде нема посебен третман“, порача тој.