Вие пак уплаќајте ливчиња: Шпанците истражуваат 28 тенисери за местење натпревари!

Шпанската полиција истражува вкупно 83 лица, од кои 28 се професионални тенисери, со сомнеж дека учествувале во местење тениски мечеви ширум светот.

Станува збор за ерменска криминална група, која се занимава исклучиво со поткупување спортисти за местење на резултатот за обложување, а која е откриена во 2017 година во истражувања поттикнати со нерегуларни активности на одредени турнири од АТП-серијата.

Меѓу осомничените играчи, според медиумите, има и еден кој лани настапувал на Отвореното првенство на САД, што значи дека е меѓу стоте најдобри тенисери на светот.