Вајда со порака до Надал и Федерер по триумфот на Ѓоковиќ на Ју-Ес опен

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Маријан Вајда, кажа дека српскиот тенисер не е далеку од рекордот на Роџер Федерер по број на освоени грен слем титули и мисли дека може да го помине.

Ѓоковиќ триумфираше на Ју-Ес опен, откако го победи Хуан Мартин дел Потро со 6-3, 7-6 и 6-3 и така го освои 14. Грен слем трофеј во кариерата, па сега пред него се само Рафаел Надал со 17 и Федерер со 20.

„Да ме прашавте пред неколку години, би рекол дека Федерер и Надал се далеку пред Ѓоковиќ, но сега тој е многу блиску. Ѓоковиќ во Њујорк имаше тешки дуели, но успеа да победи затоа што беше најдобар кога беше најпотребно“, кажа Вајда.