Ужас на Австралијан Опен: Тенисер не можеше да дише, доктори му даваа кислород (ВИДЕО)

Ситуацијата во Мелбурн е навистина алармантна, а по Далила Јакуповиќ, која мораше да го предаде мечот во првото коло на Австрлијан Опен, проблеми со дишењето имаше и Бернард Томиќ.

Томиќ имаше сериозен здравствен проблем во текот на мечот против Денис Кудла, кој на крајот загуби со 0-2 во сетови, па поради проблеми со дишењето мораше да добие медицинска помош, односно доктори да му даваат кислород.