Уште една дисквалификација на Ролан Гарос

Организаторите на Ролан Гарос воведуваат строги правила за играчите и целосно се придржуваат кон нив. Откако дисквалификувани беа Дамир Џумхур, Фернандо Фердаско и Пеџа Крстин, грен слемот во Париз нема ни да започне за една тенисерка, која требаше да се натпреварува во двојки. 

Засега не е откриено името на тенисерката која е дисквалификувана.

„Организаторите на Ролан Гарос ја информираат јавноста дека тенисерка во женски двојки е прогласена за „случај на контакт“ откако нејзиниот тренер бил позитивен на Ковид-19 и според сите здравствени и безбедносни протоколи на турнирот, двојката во која игра тенисерката е исфрлена од турнирот. Мечевите во двојки требаше да почнат утре“, стои во соопштението на Ролан Гарос.