Урнебес: Организаторите на Роланд Гарос распишаа потерница по – Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Вториот гренслем-турнир во годината Роланд Гарос, отвореното првенство на Франција стартува за два дена, а во пресрет на турнирот организаторите направија урнебес откако распишаа потерница по првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се подготвува за турнирот, па во теретаната во комплексот на „Филип Шатрие“ го скрши подот и направи „инцидент“.

„Декеска во гимнастичката сала и теретаната, пред тренингот користев медицинска топка која силно ја удрив од подот и под притисок тој пукна. Простете ми, ве молам“, напиша Ѓоковиќ. „За секој случај го напуштив Париз на неколку дена додека истрагата заврши. Моето учество на Роланд Гарос се преиспитува“, додаде тој.

И експресно после тоа, организаторите решија да го продолжат циркузот, па распишаа потерница.

„Дали сте го виделе овој човек? Име: Новак Ѓоковиќ. Последен пат виден: терен Филип Шатрие. Баран поради хаос во теретаната на Роланд Гарос. Ве молиме јавете се ако го видите овој човек“, стои во потерницата која ја објавија организаторите.