Уапсен најдобриот грузиски тенисер зашто ја претепал бившата сопруга

Најдобриот грузиски тенисер, 27-годишниот Николоз Басилашвили бил приведен во Тбилиси поради обвинувања дека ја претепал поранешната сопруга, и тоа во присуство на детето.

Медиумите објавија дека тенисерот ја нападнал бившата сопруга на 21 мај, по една караница, по што полицијата го привела следниот ден.

Обвинителството побарало тенисерот да биде во притвор до 16 јули, кога ќе почне судењето, но според последните информации тој е пуштен со кауција од 29.000 евра.