Трета титула за Ѓоковиќ во Мадрид

Младиот Стефанос Циципас не можеше да го изненади првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој дојде до титулата на мастерсот во Мадрид. 

Србинот славеше во два сета со 6-3 и 6-4 и по трет пат во кариерата стигна до трофејот на овој турнир. За Ѓоковиќ ова е прва мастерс титула сезонава и прва по 2016 година на земјена подлога.