Тони Надал: Рафа навиваше за Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон  

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ во финалето на гренс слем турнирот Вимблдон, кое го доби Србинот совладувајќи го Швајцарецот со 3-2 во сетови.

Ова го откри чичкото на Рафа, Тони Надал, во интервју на радио „Копа и Марка“.

На Рафа му одговараше Новак да победи, бидејќи сега се сите тројца близу по бројот на грен слем трофеи, изјави Тони Надал.

Федерер остана на 20 титули од најдобрите четири турнири, Надал има 18, додека Србинот две помалку.

Шпанскиот тенисер беше елиминиран на Вимблдон во полуфиналето, токму од Федерер.