Тениски меч прекинат поради бизарна причина: Не сум јас виновен ти што си висок!

Во второто коло на Мастерсот во Мајами беше одигран неверојатен меч меѓу Рејли Опелка и Диего Шварцман. Опелка славеше со 2-1 во сетови против Аргентинецот.

Интересно е тоа што разликата во висина меѓу двајцата тенисери е 41 сантиметар (Опелка е висок 211 см, а Шварцман 170 см), па поради бизарна причина во еден момент мечот бил прекинат.

Опелка сервирал, па Аргентинецот добил два од три одиграни поени, по што Американецот побарал дуелот да се прекине. Во близина имало стакло на некоја зграда, а отсјајот од сонце му пречел при сервис. Судијата го прифатил неговото барање и дуелот бил прекинат на неколку минути.

„Неверојатно. Ова никогаш не сум го видел. Па, јас не сум виновен тој што е висок и му пречи сонцето. Не ми се верува дека судијата го прекина мечот на 10 минути поради нешто што се наоѓа 300 метри подалеку од теренот“, кажа незадоволниот Аргентинец.