Тенисерка вресна од болка при ракувањето со противничката (ВИДЕО)

Најчудниот момент годинава на Австралија опен се случи утрово по завршувањето на мечот во женска конкуренција помеѓу Јулија Потинцева и Барбора Стрицова. 

Путинцева победи со 6-4 и 7-6, а по последниот поен беше во еуфорија. Кога тргна кон мрежата да се поздрави со противничката, таа и ја стисна толку силно раката на Стрицова, што Чехињата викна од болка.