Екстремните горештини не се ништо необично за Австралија, но третиот ден Гренслем турнирот беше посебно драматичен.

Условите на кои тенисерите и тенисерките, како и навивачите, беа принудени да играат беа најблаго кажано нехумани.

Тоа можеби и најдобро на своја кожа го почувствуваа Новак Ѓоковиќ и Гаел Монфис, кои беа на теренот во четири часот по локално време, кога температурата изнесуваше преку 40 степени Целзјусови, а на самата подлога достигнуваше и 70 степени!

Ситуацијата е алармантна и организаторите треба нешто да преземат за да се избегне било каква трагедија, особено бидејчи временската прогноза најавува идентични температури и во деновите кои следат.