Тенис го елиминираше Вавринка од Австралија Опен

Насловот не е грешка, туку Станислас Вавринка утрово загуби од тенисер што се вика Тенис. Колку и да звучи чудно, Швајцарецот беше поразен во три сета од Американецот Тенис Сандгрен.

Американецот славеше со 6-2, 6-1 и 6-4 и за час и половина го елиминираше осмиот светски тенисер уште во второто коло на Австралија Опен. 

Вавринка е далеку од својата стара форма по операцијата на коленото и очигледно ќе му треба доста време да се врати на старите патеки.