Таткото на Надал бараше Рафа да го предаде мечот (ВИДЕО)

Рафаел Надал се избори за полуфинале на Вимблдон, откако го совлада Тејлор Фриц по пет сета со 3-2, но неговиот татко Себастијан Надал имаше бурна реакција откако поранешниот прв рекет во светот побара медицински тајм-аут.

Шпанецот го загуби првиот сет, по што се пожали на болки во стомакот и побара пауза, која траеше неколку минути, а од трибините неговиот татко побара да се откаже од мечот.

Надал не сакаше да се предаде толку лесно, па на крајот си закажа пресметка со Ник Кирјос.