Таа е новото тениско чудо: Има 16 година и ја победи Квитова како од шега! (ВИДЕО)

Тенискиот свет добива нова ѕвезда и тоа од калибарот на некогашните, кога со 17-18 години правеа сензации и освојуваа грен-слем турнири. Серена Вилијамс на 18 години го освои УС-опен, Марија Шарапова на 17 направи сензација на Вимблдон, Моника Селеш на истата возраст победи на Ролан Гарос, a Штефи Граф беше крунисана и во Париз и во Њујорк.

Светот чекаше тениско чудо кај жените долго време и, изгледа, го дочека. Аманда Анисимова има 16 години, Американка е, но со руски корени. Можеби само тесен круг од јавноста ја забележа минатата година, кога промаршира на јуниорскиот УС-опен, освојувајќи го без загубен сет. Меѓтуоа, сега не може да побегне од „рефлекторите“, затоа што меле кого стигне и во сениорска конкуренција.

Во осминафиналето на Индијан Велс, 16-годишната Анисимова вчера ја победи двојната победничка на Вимблдон, Петра Квитова и тоа со 6-2, 6-4. Згора на тоа, во двете кола претходно исто така не загуби сет против две искусни тенисерки, Анастасија Пављученкова и Полина Парментие.

„Уште сум во шок. Таа е најдобрата тенисерка против кого сум играла и тоа на најголемиот терен досега. Тешко беше да ги смирам нервите, но уживав да играм и ја играв својот најдобар тенис. Беше одличен ден за мене“, вели Анисимова.

Иако е уште малолетна и тинејџерка, со голема зрелост се однесува кон својата кариера и својот однос кон теренот.

„Во подготвителниот период многу работев на тоа да не покажувам емоции, фокус ми беше само борбата. Во минатите две недели тоа ми успеваше“, додаде Анисимова по мечот со Квитова.

Таа имаше добар настап и пред турнирот во Индијан Велс, на челенџер во истиот град, кога од квалификациите стигна до полуфинале, каде што загуби од Сара Ерани. Следна противничка на престижниот ВТА-гурнир ѝ е уште една крупна Чехинка со силен сервис – Каролина Плишкова.