Стигна новата генерација: Чунг го збриша Бердих, Ќориќ подобар од Баутиста!

Со години во светскиот тенис се бараат наследниците на Федерер, Надал, Ѓоковиќ и упорно младите момци кои доаѓаа разочаруваа, но изгледа стигна новата генерација.

Победникот на турнирот за најдобрите млади тенисери во ноември, Кореецот Хјеон Чунг, продолжи со одличните настапи совладувајќи го Томаш Бердих, во 3. коло од мастерсот во Индијан Велс. Потребни му беа по 42 минути и во двата сета, можеби и затоа и двата завршија со по 6-4.

Ждрепката сега го носи Чунг на Паоло Куевас, кој се пласира во осминафиналето само затоа што Доминик Тим го предаде мечот при 1-1 во сетови.

Изненадување приреди уште еден млад тенисер, Борна Чориќ, совладувајќи го Роберто Баутиста Агут со 6-1, 6-3, па сега ќе се соочи со уште еден млад тенисер, кој синоќа победи ветеран. Тоа е Американецот Тејлор Фриц, кој го надигра Фернандо Вердаско (4-6, 6-2, 7-6). Во следното коло се пласираа уште и Кевин Андерсон и Пабло Карењо-Буста.