Српскиот тенисер одлучи предвреме да замине во пензија (ФОТО)

Еден од најдобрите српски тенисери, Јанко Типсаревиќ, реши да ја заврши својата кариера на крајот на оваа сезона.

Типсаревиќ на својот официјален профил на „Фејсбук“ објави порака во која откри кога и зошто се повлекува од професионалниот тенис.

Поминаа одлични 16 години. После долго трагање по душевен мир, размислување за она што е важно за мене во оваа фаза од животот и што ме прави среќен, решив да се повлечам од професионалниот тенис. Јас нема да напишам говор со кој ќе ги скршам срцата (сè уште не) бидејќи сите ќе плачете... бидејќи имам уште неколку турнири. Покрај САД Опен, кој е на програмата следната недела и неколку турнири на АТП, моето последно натпреварување ќе биде Дејвис купот во Мадрид. Во наредните години, мојот главен фокус ќе биде семејството, мојата тениска академија и предавањето во странство неколку недели годишно. Ви благодарам на сите за поддршката, напиша Јанко на својот официјален Фејсбук - профил.

Во својата кариера, тој има освоено четири турнири во сингл: Ченаи 2013, Штутгарт 2012, Куала Лумпур и Москва во 2011 година, како и еден во конкуренција на двојки. Покрај тоа, тој освои петнаесет челинџа, три фјучерси и Австралиското јуниорско првенство во 2001 година. Заедно со соиграчите од српската репрезентација, ја освои титулата Дејвис Куп во 2010 година. Неговиот најдобар ранг во кариерата беше одмо место на АТП-листата.