Србите во шок: Ѓоковиќ не е меѓу номонираните за најпрестижната награда на АТП!

Дека Новак Ѓоковиќ не е миленик на раководството на Асоцијацијата на тениските играчи (АТП) е одамна познат факт, пред сѐ поради желбата на Србинот да формира паралелно здружение кое би се грижело за тенисерите, поради што не зачудува отсуството на неговото име меѓу номинираните за најпрестижната награда на традиционалниот избор пред крајот на годината.

Станува збор за признанието „Стефан Едберг“ кое се доделува за тенисерот кој покажал најголеми ферплеј-карактеристики во текот на сезоната, а за која во игра се Рафаел Надал, Доминик Тим, Џон Милман и Диего Шварцман. Наградата најчесто завршувала кај Роже Федерер, дури 13 пати, а минатата година добитник беше Надал, кому тоа беше трет ваков трофеј.

Во склоп на оваа манифестација ќе се доделат награди и за хуманитарна работа, признание за тренер на годината, како и за стручњак кој најмногу ги инспирирал младите. Гласаат навивачите преку интернет, со гласање најдоцна до 11 декември.