Срамен потег во Рим: Организаторите поради Федерер двојно ја зголемија цената на билетите!

Организаторите на Мастерсот во Рим решија да направат срамен потег, кој ги разочара навивачите, зашто цените на влезниците беа зголемени двојно откако Роџер Федерер соопшти дека ќе настапи на турнирот.

Многумина сметаат дека тоа е добар потег, зашто ќе се продадат билетите, а притоа ќе се заработат многу повеќе пари, но Швајцарецот не е задоволен со таквата одлука.

„Слушнав дека некои навивачи не се среќни поради тоа. Целата ситуација е разочарувачка. Италијанската федерација со тоа ги наградува навивачите, кои претходно купија билети, а тоа е многу чудно. Се надевам дека тоа нема да влијае на фактот дека сум среќен што сум тука. Сакам да играм и многу сум мотивиран“, вели Федерер.