Според Федерер, Ѓоковиќ не е меѓу најдобрите тенисери во историјата

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер говорејќи за тоа кои се најдобрите тенисери низ историјата, во ниту еден дел од своето излагање не го спомена српскиот ас Новак Ѓоковиќ.

Помалку и чудно, со оглед на тоа дека Србинот котира на високото четврто место на вечната листа на освојувачи на Гренслем трофеи, а исто така е подобар од Федерер во меѓусебните дуели.

„Тешко е да се каже кој е најдобар на сите времиња. Тука се Бјерн Борг, Џон Мекинро, Род Лејвер, Рафаел Надал, Иван Лендл, Џими Конор и Пит Сампрас. Сите овие тенисери направија неверојатни работи“, изјави Федерер.