Снимка на Надал од пред 17 години е хит: Не сакам да играм на земја... (ВИДЕО)

Рафаел Надал со победата против Доминик Тим во финалето на Ролан Гарос го подобриот својот рекорд на вториот гренслем-турнир во сезоната, откако го освои 12. трофеј и вкупно 18. на најголемите турнири.

Но 33-годишниот Надал пред 17 години, пред да стане најдобар тенисер на земјените терени, имал други приоритети и желби.

На социјалните мрежи стана хит снимката на која може да се забележи Надал на 16 години како вели дека омилен турнир му е Вимблдон, а не Ролан Гарос, па исто така преферира настап на трева, а не на земјен терен.