„Смртта беше секогаш околу мене, но тенисот ми го спаси животот“

Францускиот тенисер Лорен Локоли можеби не е многу познат во јавноста, но имал навистина тежок живот и за медиумите раскажа како минал низ тешка семејна трагедија во која ја загубил неговата сестра.

Тенисерот не сакал повеќе да живее затоа што му се случило многу лоши работи.

„Пораснав со родителите и сестрите. Кога имав десет години, животот ме фрли на колена кога една од моите сестри имаше рак. Две години ја гледав како се бореше за животот. Се сеќавам дека таа плачеше кога ја загуби косата, ме прегрнуваше и се чувствуваше лошо. по долга борба, на крајот го победи ракот и тоа ме натера никогаш во животот да не се откажам“, вели Локоли.

На 12 години го напуштил домот за да тренира тенис. Спортот му помогнал да се бори со животот кога се чувствувал осамен и кога бил повреден.

„Тенисот ми помогна кога моите родители се разведуваа. Тоа ми донесе стабилност. Сепак, кога имав 14 години мојата постара сестра почина во сообраќајка. Чувствувам како да ми го искорнале срцето од градите, не можев да ја поднесам болката. Од тој момент станав друга личност, се обидував да најдам начин да се борам против болката. Бев аутсајдер во Франција. Во меѓувреме гледав како моето семејство се распаѓа“, објаснува тенисерот.

Локоли на својата сестра ветил дека еден ден ќе влезе во главната ждрепка на Ролан Гарос.

„Тенисот ми го спаси животот, тоа беше единствен начин да се чувствувам блиску до сестра би, зашто таа беше заљубена во спортот. Секогаш ќе ја имам во моето срце. Подоцна ги загуби баба ми и дедо ми. Смртта беше околу мене,но успеав да се спасам. На 20 години се пласирав во главната ждрепка на Ролан Гарос. Го исполнив моето ветување кон сестра ми“, објаснува тој.