Скандалозно: На Федерер ќе му „наместат“ лесен ждреб само за да победи во Дубаи!?

Тенискиот турнир во Дубаи започнува на 25 февруари и ќе трае до 3 март. Вниманието го привлече откако Роџе Федерер потврди дека ќе настапи на овој турнир. Го има освоено седум пати во кариерата, а очигледно ќе му биде лесно да го направи тоа и по осми пат - бидејки директорот на турнирот ќе му намести лесен ждреб.

Директорот на турнирот во Дубаи, Салах Тахлак ја вознемири тениската јавност со својата изјава за престојниот ждреб на турнирот.

„ За Федерер турнирот во Дубаи е важен, бидејки првата официјална титула ја освои во Милано, на турнир чии што главен спонзор беше компанија од Дубаи. Секогаш е силна врската помеѓу Роџер такашто е убаво што ни се врати. Се надевам дека ждребот наредната сабота ќе му помогне да дојде до финалето и да го освои турнирот, тоа ќе биде за негов осми пехар во Дубаи, но и стоти во кариерата. Ќе биде волшебен момент, но и нешто што ќе се раскажува дека го направил баш во Дубаи“, изјави Тахлак кој не криеше дека силно посакува Федерер да го освои турнирот.

Тениските фанови се згрозени од изјавата на Тахлак, кој како директор на турнирот не смее да фаворизира ниту еден од играчите.