Скандал до скандал ја тресат Шпанија: Сега двајца тенисери се осомничени за местенки

Шпанските медиуми пишуваат дека Фелисијано Лопез и Марк Лопез се осомничени дека учествувале во местење натпревари.

Шпански „АС“ пишува дека двајцата тенисери наместиле неколку натпревари на Вимблдон во 2017 годна. Тие двајца беа поставени како 11. носители, а загубија со 6-3, 6-7, 2-6 и 4-6 од Џон-Патрик Смит и Мат Рид во првото коло.

Само ден претходно Фелисијано го предал мечот во сингл-конкуренција на Адриан Манарино при водство од 2-1 во сетови и 4-3 во четвртиот сет.

Ова е поврзано со скандалот, кој неодамна ја потресе Шпанија, во кој учествувале фудбалерот Карлос Аранда и поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Раул Браво.

Аранда, наводно, на полицијата кажал дека има информации за наместени натпревари и во другите спортови, а ги споменал Марк и Фелисијано.

Според полициските извештаи, Аранда кажал дека двајцата тенисери загубиле, па советувале свој пријател да се обложи на мечот, а за возврат барале 50% од заработката.