Синер игра за трофејот што уште го нема и за првото место на АТП на – седум дена!
Вториот тенисер на светот во моментов повторно ја достигна својата препознатлива форма и во Париз изгледа доминантно. Синер не го крие мотивот – турнирот во француската престолнина е еден од ретките што сè уште не ги освоил, а победата би му донела и 250 бодови повеќе од неговиот голем ривал Карлос Алкараз.
Италијанецот ја загуби лидерската позиција по поразот од шпанскиот ривал во финалето на Ју-Есопен, но во случај да го крене трофејот во Париз, би се вратил на врвот – барем на една недела. Веќе следниот викенд започнува Завршниот мастерс во Торино, каде што токму Синер го брани пехарот и 1.500 бодови. Според правилата, тие бодови се бришат со почетокот на турнирот, па во такво сценарио Алкараз повторно би имал 1.050 бодови предност. Затоа, конечната одлука за тоа кој ќе ја заврши сезоната како број 1 ќе падне токму во Торино. За да ја задржи позицијата, на Алкараз ќе му бидат доволни три победи во групната фаза или две победи со пласман во финалето.