Синер го освои Париз и го симна Алкараз од врвот!

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер за првпат во кариерата го освои мастерсот во Париз откако денеска во финалето со 2-0 во сетови беше подобар од Феликс Оже-Алијасим (6-4, 7-6).

Со овој триумф Синер се врати и на првото место на АТП листата и од утре ќе има 250 поени предност во однос на Алкараз пред Завршниот мастерс во Торино кој почнува на 9 ноември.

Синер фуриозно го започна мечот и направи брејк уште на стартот за продолжение да биде сигурен на свој сервис и да поведе со 1-0. Можеше слично сценарио да гледаме и во вториот сет, но Алијасим спаси две брејк-топки, меѓутоа во тај-брејкот Синер сепак беше подобар.

Фото: EPA