Швајцарски комичар го навреди Ѓоковиќ: Србите се извинуваат само во Хаг!

Швајцарскиот комичар Штефан Бусер се извини по непримерниот коментар, кој го даде во неговата емисија во која го критикуваше „Адрија Тур“, Србија, но и првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Комичарот со безобразна изјава го „пецна“ Ѓоковиќ, но налути и голем дел од неговите фанови.

„Србите од висок ранг вообичаено се извинуваат само во Хаг“, кажа комичарот.

Набрзо беше почната петиција да се преземе нешто против комичарот и неговиот тим, по што тој реши да се извини поради коментарот.

„Нашата критика беше насочена против Ѓоковиќ и учесниците на турнирот, а не против сите Срби“, објасни тој.