Шпанскиот матадор се враќа: Надал потврди учество на силен турнир

Рафаел Надал полека се опоравува од повредата поради која мораше да му го предаде полуфиналето на Индијан Велс на Роџер Федерер, а според последните информации Шпанецот сигурно ќе учествува на Мастерсот во Монте Карло каде минатата година ја освои титулата.

Иако уште нема официјални информации, сепак се очекува Надал брзо да се врати на терените. Освен Шпанецот, за турнирот во Монте Карло се пријавени Новак Ѓоковиќ, Александар Зверев, Доминик Тим, Марин Чилиќ, Дамир Џумхур.

Третиот Мастер во сезоната ќе биде одигран во периодот од 14 до 21 април.