Шпанец го критикуваше Ноле: Мораше да остави подобра слика пред светот!

Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез го критикуваше Новак Ѓоковиќ и кажа дека морал да испрати подобра порака во светот.

Критиките на сметка на турнирот, но и на Ѓоковиќ не престануваат поради ширењето на коронавирусот.

„Тоа што го направи Ѓоковиќ не помогна. Мислам дека можеше подобро да го организираат турнирот. Поради состојбата во која е светот во моментов, тој мораше да испрати подобра порака“, кажа Лопез.

Искусниот тенисер вели дека виновни за ширењето на Ковид-19 се и властите во Србија и Хрватска.

„Политичарите и здравствените институции дозволија натпреварувања со по 4.000 луѓе без маски на трибини, тие исто така имаат голем дел од одговорноста за тоа што се случи. Тенисот е сериозен спорт како фудбалот или кошарката, луѓето мора да постават пример за останатите“, вели Шпанецот.