Шок за фановите: Надал се повлекува од Лејвер купот поради повреда на раката

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал мора да се повлече од Лејвер купот поради повреда на раката. Тој требаше да игра натпревари во двојки и синглови на Лејвер купот кој ќе се одржи во недела.

Надал изјави дека има воспаление поради кое мора да одмара и затоа ќе го одложи рекетот на неопределено време. Затоа, ќе се повлече од Лејвер каде што Европа во моментов има предност во однос на селекцијата на Светот од 7-5.

Одлично време минав на Лејвер купот, но сега сум разочаран затоа што нема да можам да играм во недела. Ми треба одмор бидејќи имам воспаление на мојата рака. Атмосефрата беше одлична тука во Женева и секако дека ќе бидам таму со моите соиграчи за да го поддржам тимот кој сака да го освои Лејвер купот, изјави Надал.

Надал ќе биде заменет со Стефанос Чиципас, кој ќе игра со Роже Федерер, додека во сингл противник на Ник Кирјос ќе биде Доминик Тим.