Шок во Австрија: Италијанец го елиминираше Ѓоковиќ!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од турнирот во Австрија, откако во четвртфиналето загуби од Лоренцо Сонего со 0-2 во сетови, односно 2-6 и 1-6.

Сонего одигра фантастичен меч и ги користеше грешките на Србинот, па во првиот сет му беа доволни два брејка за да стигне до 6-2.

Ѓоковиќ не тргна добро ниту во вториот сет, кога го загуби првиот гем на свој сервис, а потоа Сонего направи уште два брејка за да ги постави конечните 6-1.