Шест пати го удри рекетот од терен, па го фрли на трибини (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Марио Вилеља Мартинез ја изненади непријатно јавноста со неверојатниот излив на гнев.

Тој на еден турнир во Казахстан толку збесна, што дури шест пати удри со рекетот во теренот, а потоа го фрли на трибини.

Мартинез загуби со 6-1, 1-6 и 5-7 од Томислав Бркиќ, а токму пред крајот на мечот Шпанецот полуде откако не успеа да направи брејк.