Шарапова по пет месеци се враќа на тениските терени

Руската тенисерка Марија Шарапова ќе се врати следната недела на тениските терени, откако прифати специјална покана од организаторот на турнирот во Мајорка.

Шарапова нема настапувано од јануари, кога поради повреда на рамото се повлече од турнирот во Санкт Петербург, а потоа во февруари имаше операција на десното рамо.

Турнирот во Мајорка почнува на 17 јуни, а го предводи Тони Надал, поранешниот тренер и чичко на Рафаел Надал.