Шарапова нема да настапи на Ролан Гарос

Марија Шарапова објави дека нема да учествува на турнирот во Ролан Гарос, па така ќе ја продолжи својата повеќемесечна пауза.

Русинката нема одигра ниту еден турнир уште од јануари, а во февруари имаше операција.

„Некогаш вистинските одлуки не се лесни. Но имам и убави вести, се вратив на теренот за тренинг“, вели Шарапова, која го освојуваше Ролан Гарос во 2012 и 2014 година.

Турнирот во Франција почнува на 26 мај и ќе трае до деветти јуни.