Шарапова нема да настапи на Индијан Велс

Марија Шарапова се соочува со големи проблеми поради повредата на рамото, па откако се откажа од турнирот во Санкт Петербург, вчера објави дека нема да може да настапи ниту на Индијан Велс.

Поранешната најдобра тенисерка во светот мораше да се откаже од турнирот, кој ќе се одржи од четврти до 17 март во Калифорнија, а таа призна дека не ја крие повредата и ќе мора да следува подолг период на рехабилитација.

„Не ја кријам мојата повреда на рамото. Имам големи болки, па мора да поминам подолг период на рехабилитација“, кажа Шарапова.